вторник, 15 јули 2025

За Левица за ред во електродистрибутивната мрежа неопходна е национализација

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе неколку месеци трае конфликтот помеѓу жителите на кумановско Слупчане и екипите на ЕВН, каде што жителите не дозволуваат екипите на ЕВН да ги извршуваат своите работни активности.

Имено, жителите на ова кумановско село излегоа со низа барања поставени кон ЕВН меѓу кои: да им бидат простени сите досегашни долгови, бесплатни приклучоци, верските објекти да не плаќаат за потрошената електрична енергија, секое семејство да плаќа максимум 3.000 денари месечно без разлика колку троши и слично.

Овие барања, покрај тоа што се неразумни, ја поткопуваат и унитарноста на Република Македонија. Односно ако Владата предводена од СДС/ДУИ воопшто размислува за овие услови на жителите на Слупчане, тоа претставува огромен показател дека веќе не сме унитарна држава и дека Македонија нема владение над цела територија. Логично се поставуваат две прашања:

Зошто ЕВН до сега дозволило во селата населени со Албанци како Слупчане, Арачиново, Студеничани и други со години да се натрупуваат долгови за ненаплатена електрична енергија?

Дали ЕВН ненаплатената електрична енергија ја прикажува како загуба при пријавувањето на трошоците за своето работење до Регулаторната комисија за енергетика кога бара поскапување на цената на струјата?

МВР, заедно со министрите на ДУИ, не треба да преговара со оние кои ја крадат електричната енергија, туку треба да овозможи владеење на правната држава на целата територијана Република Македонија.

Продажбата на електродистрибутивниот систем на државата од страна на Владата на СДСМ (или попознато како „бонбона бизнис“) во минатото се правдаше со изговор дека државата не може да наплати, додека австриските газди можат.

Поради очигледниот факт дека австриските газди не можат да наплатат во истите региони за каде се велеше дека државата не може да наплати, национализација на електродистрибутивната мрежа е првата мерка кон системско решавање на овие наталожени проблеми. Снабдувањето со електрична енергија е стратешка гранка во секоја држава, и како во европските земји, таа мора да биде под директна контрола на државата. Бранот на приватизација, кој го започна СДС, а го продолжи ДПМНЕ, најмногу удри по џебот на обичните граѓани, додека австриските газди нижат милионски профити на своето конто“, се вели во соопштението на ЕВН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ