среда, 11 февруари 2026

Возачот на Заев стана полициски началник без квалификации, велат од Синдикатот на полицијата

Објавено на

часот

Сподели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, го потценува и не го почитува работното искуство на професионалците во МВР, а тоа е така бидејќи како партиски подобен за  началник во Сообраќајна полиција при СВР Скопје го поставил шоферот на поранешниот премиер Зоран Заев.

Имено, ваквиот ‘избран кадар’ не може да се случи во транспарентна постапка, туку  само кога функционира тесно партиска и фамилијарна линија преку давање предност како и во овој случај кога е дадена  поради  спрегата  помеѓу  возач со поранешен премиер и воедно зет за ќерка на поранешниот директор на БЈБ – Лазе Велковски.

Го прашуваме министерот Спасовски, дали послушните партизирани комисии за унапредување и распоредување и ноќе работат, ама со посебен терк од оној законскиот? И дали  функционираат, на пример, од кога ќе им се јави моќен функционер веднаш истите се должни да  постапат по желби и амбиции на шофери и зетовци,  а кои во МВР  со функции се стекнуваат по само некоја година работен стаж и  без доволно работно искуство од позиција – помлад полицаец.

Бараме  од министерот за внатрешни работи да ни одговори,  како зетот стана началник на Сообраќајна полиција во Скопје  од скандалот со службено возило со кое на одмор во Грција (Евридики) се возеше ќерката на директорот и дали тој знае кој беше возачот?.

Непријатно е секојдневно да се слушаат обвинувања  како кога се критикува полицијата за слободно  шетање на криминалци  со украдени возила низ центарот на Скопје, и по  кое  освен  за ова  сега и се повлекуваат многу други  прашања од поради  поставени неискусни избрани партиско   подобни кадри, кои секој може да ги види како по стискање на копче истите функционираат.

Да го потсетиме  исто така  врвното раководство на МВР дека постојат законски постапки кои треба да бидат исполнети а кои  шоферот/ зетот ги  нема исполнето.

Понижувачки е за сите  вработени  да се гледа како се назначуваат и унапредуваат преку ноќ вакви кадри и во областа од безбедност на патниот сообраќај  а кои како партиски послушници и самите не знаат што да работат додека криминалци им се движат  со украдени возила по центарот на Скопје.

Министерот Оливер Спасовски ветуваше професионализација на полицијата, но праксата да се унапредуваат лица без да ги исполнуваат условите кои ги налагаат систематизацијата и законите продолжува“, се вели во соопштението на овој синдикат..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ