понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-НП: Владата утре со Барел да го отвори прашањето за компензациските фондови на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Земјите на ЕУ прифаќајќи ги санкциите на ЕУ кон Русија добиваат пристап кон разни компензациски фондови на Унијата со што поголем дел од штетите кои ќе ги имаат како национални економии ќе им бидат компензирани.

Затоа ја повикуваме македонската Влада на утрешниот состанок со високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Жосеф Борел да го отворат истото прашање и за Македонија, особено ако знаеме дека истите фондови се отворени и за земји-кандидати за членство во Унијата, затоа што штетите кои македонската економија ги трпи не се воопшто мали, а притоа многу фирми се на удар токму поради санкциите кои што Македонија и ги воведе на Русија“, соопшти ВМРО-НП.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ