Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-НП
„Не само што воопшто не држи фактот што еден министер за политички систем опслужува и води уште неколку државни функции туку не постои никаква поврзаност на министерството за политички систем со ниту една од останатите функции, а особено не последната, координатор за спроведување на градежни активности на коридорот 8.
Со оглед на ваквата одлука ВМРО-Народна партија прашува дали сите функции и надлежности на Министерството за транспорт и врски како и на Јавното претпријатие за државни патишта се префрлаат во Министерството за политички систем“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.