„Собранието не е негова крчма, па да се однесува така шерифски. Процедурите и нормите се основни демократски принципи и истите Талат Џафери бесрамно ги прекршува.
Не може само затоа што им текнало на СДСМ-ДУИ 4 минути пред почеток на пленарната седница на Собранието да се вметнува точка за разрешување на пратеник од позицијата член на Комисијата за избори и менувања, само затоа што не им е дел од коалицијата.
Не може ваквото разрешување на член на работно тело да помине без предлог одлука на Комисијата за избори и именување.
Не може само затоа што Заев дал наредба да се изгласа пусулчето со имиња на уставни судии, да се прави грубо кршење на Уставот и деловникот и да се деградира Собранието“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Самоволието и институционалното насилие на СДСМ и ДУИ, чиј директен спроведувач е Талат Џафери, создава опасни и недемократски преседани. Ова е газење по волјата на граѓаните и тоа народот ќе го казни, а спроведувачите на налогот на Заев ќе понесат одговорност.






