Од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение велат дека Ковачевски ги знае анкетите и тенденциите на јавноста, дека поддршката за СДСМ е во константен пад и оти затоа бега од избори.
„Ковачевски нема легитимитет, а нема ниту СДСМ, затоа треба да има нови предвремени парламентарни избори час поскоро. ВМРО-ДПМНЕ во таа насока идната недела ќе предложи до Собранието измени на Изборниот законик, што ќе значи укинување на техничката влада пред избори, со цел да се скратат роковите и да можеме да одиме што побргу на избори, од 45 до 60 дена како што е уставно пропишано. Воедно ВМРО ДПМНЕ е подготвено да разговара и за барањето за една изборна единица.






