петок, 5 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да се извини за монтираниот случај „Делчевски ниви“

Ако е останата барем една трошка морал во оваа власт, треба веднаш да се извини на ВМРО-ДПМНЕ, за овој случај, кој намерно беше конструиран, за да нанесе штета на партијата. Самото обвинителство, кое е под контрола на ДУИ и СДС, се откажа од овој случај, поради недостиг од докази, а со тоа се докажува за колку беспредметен случај се работи, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Како што констатира самото обвинителство дека од истражната постапка, не произлегоа ниту материјални, ниту вербални докази, кои би го потврдиле основното сомнение, дека делата, кои им се ставаат на товар на осомничените, се кривични дела, за кои, се гони по службена должност, односно произлезе дека пријавените не презеле дејства кои ги сочинуваат битијата на пријавените кривични дела.

Чекаме извинување од власта пред граѓаните, кои се обидоа истите да ги доведат во заблуда, измислувајќи и монтирајќи непостоечки случај“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

За случајот „Делчевски ниви“ никој од седуммината осомничени за продажба на ниви во Малешевијата за 40 пати поскапи за изградба на фотоволтаични централи – нема да одговара.

Предметот се однесуваше на купување земјиште од ЕВН Електрани за изградба на фотоволтаични централи, кое било платено 40-тина пати поскапо од реалната пазарна цена. Осомничени за измама беа двајца управители од компанијата, како и уште пет други лица кои се гонеа за помагање. Истрагата на скопското обвинителството се фокусираше на тоа дека двајцата управители ги довеле во заблуда членовите на Управниот одбор за да се донесе одлука за купување на земјиштето по нереални цели.

„Делчевски ниви“ се отвори на 11 ноември 2021 кога пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески јавно се пожали дека Финансиската полиција упаднала во неговиот дом и врши претрес. Всушност, претресот се однесувал на неговиот татко, кој бил вработен во ЕВН.  Овој случај стана предмет и на дневнополитичките препукувања на релација СДСМ – ВМРО-ДПМНЕ. Владеачката партија СДСМ поради поврзаноста на дел од инволвираните со партијата прашуваше дали парите завршиле во „Белиот дворец“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ