недела, 8 февруари 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да одговори што е договорено во историската комисија

Објавено на

часот

Сподели

„Сите информации кои доаѓаат до македонската јавност се од страна на бугарската влада или комисија. Вчера можевме да видиме целосен триумфализам од страна на бугарската страна во историската комисија во врска со историската личност цар Самоил.

Додека има триумфализам во Бугарија, владата на Ковачевски соопштува дека состанокот на мешовитата комисија поминал во одлична атмосфера, без никакви информации кои македонската јавност ги бара.

Се уште нема одговори од македонската влада за што уште се преговара и кој е исходот од овие преговори.

Молкот отвора огромен сомнеж дека се водат преговори кои се штетни за  Македонија, македонскиот народ и македонските национални интереси.

Каков договор се спрема и зошто Ковачевски молчи?

Ковачевски и Османи се должни веднаш да ѝ соопштат на македонската јавност и пред пратениците да реферираат за текот на преговорите и кои се следните чекори.

Преговорите мора да бидат транспарентни и јавноста мора да биде информирана“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ