недела, 8 февруари 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што не успеа да го распродаде Заев, Ковачевски ќе го доврши во преговорите со Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

„Освен штури соопштенија за некаква си позитивна атмосфера во преговорите, граѓаните не се информирани што е договорено во комисијата. Информации има само од Бугарија, од членови на комисијата, експерти и медиуми, а Ковачевски и Османи се кријат и молчат.

Ковачевски бетер од Заев, тоа што не успеа да распродаде едниот со Бугарија, го продава другиот, таен договор на повидок?

Нема одговор дали Ковачевски се откажал од јазикот и што е договорот за Цар Самоил и дали тоа е причина за радоста во Бугарија?

Македонската влада води нетранспарентни и заткулисни преговори, без да биде запознаена опозицијата, пратениците во Собранието и сите граѓани за деталите во овие преговори.

Ковачевски и Османи треба веднаш да соопштат за што точно се преговара и дали се повторно се тргува со националните интереси. Националните предавства и порази на оваа ненародна власт треба веднаш да запрат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ