„Очигледно дека политичкиот пазар кој го гледаме во изминатите месеци, реториката која ја слушаме, која пред сè е насочена против ВМРО-ДПМНЕ, има и дебела бизнис позадина. ДУП-от кај Алумина носи големи бенефити на многу функционери, не само на бизнис империјата на Пуцко петрол.
Оној функционер кому му се помили бизнисите на еден градежник од типот на Пуцко и е подготвен да изигрува портпарол на градежната компанија, почесно е да си поднесе оставка и наместо да биде платен со народни пари нека го плаќаат со пари од компанијата, а за возврат нека им црта зградички и нека им прави хвалоспеви“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






