понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски наместо да шири демагогија, да понесе одговорност

Оливер Спасовски наместо да се оградува од постапката за убиствата на Панче и Вања, треба да одговори зошто МВР не презела акција за пронаоѓање на возилото на Панче, истиот ден кога добиле пријава дека е исчезнато, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на министерот за внатрешни работи за ТВ Канал 5.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Спасовски не кажа зошто МВР три дена не реагира и дозволило возилото на убиениот Панче со кое е киднапирана Вања да се движи низ Скопје.

Спасовски треба да се соочи со фактот дека МВР можела да го пронајде возилото на убиениот Панче уште на 24-ти ноември, кога за прв пат истото влегло во Скопје, а е регистрирано од системот безбеден град.

Доколку Спасовски уште на 24-ти распишел централна објава по возилото тоа ќе било пронајдено и исклучено од сообраќај, убијците на Панче фатени, а до убиството на Вања воопшто немало да дојде.

Спасовски наместо да шири демагогија, да понесе одговорност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ