понеделник, 15 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ со реакција: Спасовски е одлепен од реалноста во која цвета криминалот

„Оливер Спасовски започна да ја води истагата за убиството на Вања и Панче во медиумите кога кажа дека возилото цитроен не е пријавено за исчезнато и кога пропушти да каже дека возилото со кое беше киднапирана Вања слободно со денови се движело низ скопските улици. Оливер Спасовски е тотално одлепен од реалноста. Изјавата дека за 40 проценти е поголема реализација на расчистени дела од организиран криминал, не соодејствува со реалноста“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешните изјави од министерот за внатрешни работи за состојбите со криминалот, како и за двојното убиство.

Објавено на

часот

Сподели

„Пет криминални пресметки на нарко босови низ скопските улици не се расчистени. Криминалци бегаат од затвори и слободно се шетат. Мафијаши се пукаат во трговски центи и нема никаква разрешница. Цела година има дојави за бомби во училиштата, а Спасовски само што не ги фатил лицата кои ширеа паника и вознемиреност кај граѓаните.

Командири на полициски станици пукаат на домашни прослави со калашников и се фалат на социјални мрежи. Криминалци во полициска станица во Арачиново бркаа полициски службеници и до ден денешен нема никаква разрешница.

За какви проценти зборува Спасовски кога во Македонија царува криминалот и криминалците? Спасовски е скоро 8 години министер, а во Македонија владеат мафијашите. Со СДС и Спасовски, граѓаните не се чувствуваат безбедни. Затоа колку побрзо заминат, толку подобро“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ