понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Со Ковачевски и СДСМ стагфлација, предвремени избори час поскоро

Објавено на

часот

Сподели

„Само во првите 48 дена владата направи буџетски дефицит од 164 милиони евра, што е 30% од предвидениот дефицит за цела година. Ова ќе иницира ребаланс, и ново задолжување, кое ќе треба да го враќаат и уште неродените деца.
И додека економијата тоне, цените вртоглаво растат, за година иполовина цените на горивата скокнаа за над 60%, зејтинот за 40%, брашното за 38%, млекото за над 20%. Буквално нема производ чија цена не е драстично зголемена.

Цените растат, трошоците за животот исто така, а власта одбива покачување на платите, дури и минималната плата која имаше зголемување, е еден вид израмнување, затоа што инфлацијата веќе одамна ја има изедено минималната плата.
Денес во Македонија имаме сиромаштија. 500.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден.
Со Ковачевски и СДСМ дното само ќе се продлабочува. Затоа се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ