понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно именување на Фрчкоски за амбасадор во ОН

Објавено на

часот

Сподели

„Фрчкоски кој ги тепаше граѓаните во Тетово, во чиј мандат се случи атентатот на Глигоров, кој издаваше наредби за прислушување, кој дозволуваше кршење на ембаргото кон Србија и шверц, кого го одбија како предлог за амбасадор во САД, сега Пендаровски го испраќа во ОН. Ова е срам за Македонија. Колку што е срам за Фрчкоски, уште поголем срам е за Ковачевски и Пендаровски, кои ова го овозможуваат. После се чудат зошто никој не ја есапи сериозно Македонија. Епа заради нивните авантури со именување контроверзни ликови на најзначајни позиции во дипломатијата сме на ова дереџе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ