сабота, 6 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозно, ЕСМ во четири очи договори сервисни услуги од 1.8 милиони евра

ЕСМ потпиша договор склучен во четири очи, без јавен оглас за сервисни услуги со фирмата Спектартермо вреден 1.8 милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ и нагласува дека законски тоа е можно доколку таква услуга нема кој друг да понуди. Но, велат од партијата, претходно друга фирма ги вршела услугите, што пак значи дека конкуренција постои и е прекршен законот.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели:

„АД ЕСМ (ЕЛЕМ) на ден 18 септември годинава има потпишано договор за рамковна спогодба за јавна набавка на услуги со економскиот оператор Спектартермо ДОО Скопје.

Предмет на договорот за јавна набавка е Сервис и редовни периодични прегледи на гасни мотори во Подружница енергетика Скопје. Вредноста на договорот е 1.8 милиони евра односно 112 милиони денари.

Овој договор е склучен во вид на постапка со преговарање без објавување на јавен оглас, народски кажано, тендер во четири очи.

Изминатите две години потпишани се три вакви набавки за сервис на гасни мотори и сервисирање и редовно периодични прегледи на гасни мотори (Енергетика) со друг економскиот оператор Флекс повер доо Скопје.

1.датум 15.07.2021 = износ 556.400 евра

2.датум 23.12.2021 = износ 1.228.000 евра

3.датум 16.12.2022 = износ 1.521.000 евра

Овие три набавки како и последната се без објавување на јавен оглас.

АД ЕСМ има поднесено Барање за оправданоста за овој вид на постапка до Бирото за јавни набавки. Од Бирото е добиен одговор/мислење со заклучок дека Одговорноста за изборот и спроведувањето на постапката со преговарање како исклучителна постапка е одговорност на договорниот орган (ЕСМ). Во мислењето на Бирото е цитиран дел од законот за Јавни набавки каде е наведено дека може да се спроведе постапка со преговарање без објавување на оглас за јавна набавка на стоки, услуги или работи, доколку стоката, услугата или работата може да ја обезбедени само определен економски оператор, од причина кога поради технички причини нема конкуренција за предметот на набавката…

Од сето горе наведено, се поставува логичкото прашање: КАКО НЕМА КОНКУРЕНЦИЈА?

Ако претходните три набавки се потпишани со една фирма, а последната набавка со друга фирма…“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ