понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозен е пристапот на власта кон делото на Делчев

Објавено на

часот

Сподели

„Ако власта е подготвена не само декларативно, туку и со дела да покаже дека го почитува ликот и делото на Гоце Делчев и неговото значење за револуционерната борба за македонска државност, тогаш треба да ја поддржи декларацијата која пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја достави до Собранието на Република Македонија.

На тој начин ќе се покаже сплотеност  околу неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија и идејата за самостојна Република Македонија, но и значи одговор на негаторските ставови по однос на македонската историја и борба за државност.

Декларацијата базирана на европските принципи е во насока на достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, можат дополнително да ги зајакнат демократските темели на државата и на општеството. Во исто време повикува на институционално и општествено вреднување на делото на Гоце Делчев во годината кога се одбележуваат 150 години од неговото раѓање“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ