„ВМРО-ДПМНЕ преку амандманот побара да се усогласат платите во јавниот сектор со минималната плата и да дојде со коефициентот на сложеност на работните места. Со ова ќе се испочитува и Колективниот договор во образованието, а наставниците и професорите ќе добиеја поголема плата, до 45 илјади денари“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата нагласува дека тензиите кои ги инсценира СДСМ во Комисијата за образование и наука во Собранието се со цел да се протне на мала врата закон за партизација на образовниот кадар во училиштата, а не како што сакат да прикажат- грижа за наставниците.
„Законот кој СДСМ сака да го изгласа во Собранието не предвидува зголемување на платите на наставниците, туку целосна партизација во образованието. Лажната грижа на СДСМ за просветните работници и административниот кадар во образованието излезе на виделина. СДСМ и администраторот Ковачевски се против подобрување на стандардот на граѓаните. Тие единствено мислат за нивно лично богатење, а не на поквалитетен и подобар живот на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.






