петок, 5 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ да не бегаат од вистината за канцер мафијата

Со оглед на новите фрапантни докази во врска со случајот „диво месо”, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера ги презентираше истите, веднаш мора да се прошири анкетната комисија во Собранието на Република Македонија и да го опфати периодот, од извештајот на Фондот за здравствено осигурување, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Граѓаните имаат право и мора да ја дознаат вистината какви сѐ намерни пропусти се случувале на Онкологија, а кои се докажуваат со овој извештај, сѐ со цел дебело богатење на грбот на народот и пациентите.

СДС и ДУИ да не бегаат од вистината, која ќе се дознае секако, дали на овој или друг начин, и да престанат да глумат пред јавноста дека не знаеле ништо.

За канцер мафијата, која го создаде ова диво месо, ќе има одговорност од прв до последен, тоа е ветување пред граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ