понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Само Владата и РКЕ се виновни за состојбите со парното греење

Објавено на

часот

Сподели

„Владата на СДСМ не обезбеди гас по нормални цени кога тоа го правеа сите држави во регионот и светот и се доведе во ситуација да зема по берзански цени кога гасот е поскапен за 300 отсто. Владата требаше да биде одговорна и  да испреговара со големите светски компании. Градот Скопје не е субјект кој може во меѓународен промет да преговара за набавка на енергенси, тоа може да го направи само владата. Владата не обезбеди гас по нормални цени и ја доведе во опасност државата. РКЕ е таа која дава и одзема лиценци на фирми за вршење на енергетска дејност“, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека Градот Скопје ниту е снабдувач, ниту производител на топлинската енергија и дека затоа нема контрола на процесот, „не затоа што не сака, туку затоа што законот тоа не го дозволува“.

Чиста политизација е обидот на СДСМ неспособноста да набават гас по нормални цени да ја заобиколат со надеж дека народот ќе заборави, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Владата да излезе со решение и да не вплеткува субјекти, кои според закон не можат да преземат ништо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ