понеделник, 15 декември 2025
Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Посоченото лице од Кузеска е близок со Мицкоски колку што Илон Маск е близок со Ковачевски

Лицата кои на прес-конференција ги посочи портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска велејќи дека се блиски соработници на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се толку блиоски колку што Илин Маск му е близок соработник на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Ваква е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Но, шегата на страна, во присуство на сериозни афери за убиени деца, за милионски тендери и криминал на сите страни, СДС одбира да ја забавува јавноста со фотографии кои не само што не докажуваат ништо, туку и се редат во намерен контекст, се измислува некаква близина само со цел да се води црна кампања за покривање на сите нивни неуспеси и афери.

Ако имало било што незаконски во фотографијата во која има некое си лице, убедени сме дека Спасовски ќе го решеше однапред и едвај чека да најде нешто сомнително, но реалноста е дека ниту има такво нешто, туку се прави театар за јавноста да се покријат сопствените слабости.

Единствената фабрика за марихуана која ВМРО-ДПМНЕ ја знае, а која што истовремено и на јавноста и е позната се оние фабрики кои растат во Струмичкото поле и кои се во посед на фамилијата која ја поседува СДС.

Кампањата за тоа кој со кого се сретнал може да ја започнеме со нарко кланот од Грчец , турскиот мафијаш Седат Пекер, кој иако претходно протеран од државата доби македонски пасош со лажен идентитет во македонска полициска станица“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ