петок, 5 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски цел мандат го помина во озборување и погрешни прогнози

Објавено на

часот

Сподели

„Пендаровски е човек без сопствен кредибилитет и дигнитет. Наместо претседател на сите граѓани, тој се претвори во локален озборувач и коментатор на состојбите во државата без притоа да употреби каква било ингеренција и да преземе иницијатива за подобрување на состојбите.

Се однесува како главен на селска чешма, но не може да е претседател на држава. Во интервју озборуваше како знаел многу порано за војната во Украина, но поразително е што како власт и претседател не преземаа ништо за спречување на негативните последици од војната, инфлацијата, бранот поскапувања и ред други работи, кои се докажаа дека се пред сѐ стимулирани од домашната неспособност на власта да се справи со предизвиците. Пендаровски служи за сликање, но не и за претседател. Тој нема способност и не треба да е претседател на државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ