понеделник, 14 јули 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Османи на таблата требаше да напише оставка веднаш

Објавено на

часот

Сподели

„Османи ако сака може и на ѕид да пишува, но не може да го промени фактот дека источниот сосед отворено најавува нови и нови условувања кои имаат за крајна цел однародување на Македонците. Од Софија пристигаат пораки за менување на учебници, историски наративи за ликови и настани од макдонската историја, како услов за нашето пристапување кон Европската Унија. 
Османи наместо за пишување на табла, своето време требаше да го троши на барање институционални гаранции од ЕУ дека нашите евроинтеграции нема да се претворат во вечни преговори и подвижна цел или барем да ја прифати подадената рака на ВМРО-ДПМНЕ. 
Сега единствено што му преостанува на Османи е да си напише на табла оставка, ама вистинска која ќе стапи на сила веднаш, заради катастрофалната дипломатија која ја води“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ