Здравствениот систем е во целосен колапс, само за 24 часа изминатото деноноќие во Македонија 21 лице го загубија својот живот и нови 1.254 новозаразени граѓани од ковид-19, Комисијата за заразни болести е нефункционална, нема мерки за спречување на ширењето на вирусот, а граѓаните се препуштени сами на себе да се снаоѓаат како што умеат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата забележуваат дека со денови се чека за тестирање од ковид-19, дека секој ден матичните лекари се жалат оти системот Мој термин паѓа и не можат да закажуваат прегледи за пациентите.
„И во целиот овој хаос, Министерството за здравство, како и владата на пиунот Ковачевски, решија да започне второто полугодие во образовниот систем, изложувајќи ги децата на ризик од заразување со ковид- 19. Веднаш се потребни итни мерки за спречување на ширењето на новиот омикрон сој на ковид-19. Македонија се претвори во Вухан, само заради неспособноста како на претходниот министер за здравство Венко Филипче кој мислеше само на тендери и провизии, така и на новиот министер Беким Сали“, се вели во партиското соопштение.






