сабота, 6 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: ММФ прогнозира двојно поголема инфлација од Ковачевски и Владата

ММФ прогнозира двојно поголема инфлација од Ковачевски и Владата, лошите политики ја влечат Македонија во бездна. Прогнозата на ММФ е дека Македонија ќе ја заврши година со 10% инфлација, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Ковачевски и власта не успеаја да ја зауздаат инфлацијата. Напротив покачените цени на голем број производи преку зголеменото ДДВ може уште повеќе да влијаат на зголемување на и така големата инфлација. Лаги се и сите тези на власта дека инфлацијата е увезена. Македонија во моментов има 50% поголема инфлација од еврозоната.

Лошите политики на власта на СДС и ДУИ на полето на економијата само ќе влијаат негативно на економските трендови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ