петок, 5 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Министерот за здравство и директорот на Онкологија ја штителе омилената веледрогерија на власта

Министерот на здравство и директорот на Онкологија ја штителе омилената веледрогерија на власта, иако доцнела со испораки, Канцер мафијата го нагризала системот. Министерот за здравство и директорот на Онкологија овозможиле со нивното непостапување една веледрогерија блиска до власта да го уценува целиот систем, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Во извештајот за работата на Онкологија стои: иако доцнат со испораките и се создадени дефектури (при што пациентите воопшто не ги примаат лековите или ги купуваат на сопствен трошок) – не е испратен ниту еден допис од одговорните лица, ниту е нешто преземено да се надмине дефектурата, да се извести Бирото за јавни набавки, да се даде негативна референца на добавувачот или да се прекине договорот.

Зошто министерот за здравство и директорот на Онкологија не ја пријавиле веледрогеријата дека доцни и не ги испорачува потребните лекови? Дали намерно се штити истата за да не добие негативна референца и да може да продолжи да испумпува милиони од МЗ?

Додека омилената веледрогерија на власта книжела милиони, пациентите ја немале потребната терапија, а министерот за здравство и директорот на Онкологија молчеле и се директно виновни за трагедијата која им се случувала на болните од рак“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ