понеделник, 11 август 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Миликије-кадровските политики на СДС и Ковачевски ги уништуваат институциите

Именувањето на Миликије Халими за нов директор на АД Аеродроми спаѓа во рубриката верувале или не. Поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДС после мандатот ја именуваа за инспектор во Царинска управа со средно школо, а сега догура до позиција директор на Аеродроми, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Со што Миликије ја заслужи оваа позиција? Кои се нејзините квалитети, токму таа да биде избрана? Дали има соодветни вештини, знаење или искуство? Да бидат срамот и дното поголеми, Миликије Халими уште им се заблагодарува на СДС за кадровскиот избор кој го направиле и ја именувале на оваа позиција.

Ова е срам за СДС, за владата, но најстрашно од се е срам за Македонија. Човек со средно медицинско образование ќе одлучува за аеродромските услуги во Македонија. Ова е кадровската политика на СДС, целосно некомпетентни кадри да ги стави на одговорни позиции, како да се работи за шега, а не за раководење на државни институции. Всушност заради ваков тип на ‘Миликије- кадровски политики’ пропаѓа системот, институциите и државата, а младите и компетентните се селат.

Ковачевски да одговори како Миликије е избрана? Тој е директно одговорен како формален претседател на СДС за кадровскиот избор“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ