„Дополнително европската агенда е блокирана пред сѐ поради неспособноста и криминалот на владата, и поради обидот да се наметне бугарски диктат кој го поддржува владата на Ковачевски.
Со Маричиќ, СДС и ДУИ, ЕУ е само далечна желба наместо реалност на која треба да работиме“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Тие кои ја блокираат државата во евро интеграцискиот пат имаат име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на оваа партија“, изјави денеска Маричиќ. Тој смета дека моментално нема перспектива за уставните измени, но додава дека владината коалиција нема да се откаже и ќе продолжи до крајот на мандатот на овој парламентарен состав да дебатира и да ги убеди нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ да не ја блокираат државата.






