среда, 11 февруари 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот и корупцијата на власта, а не ние, се виновни за тоа што Македонија не ги почна преговорите со ЕУ

Во однос на изјавата на Ковачевски дека нема отворање на поглавјата поради некаква проруска коалиција можеме да заклучиме дека дефинитивно ја промашил терапијата. Отворање на поглавјата нема, не поради ВМРО ДПМНЕ туку поради епидемијата од корупција, и потрошените 500 милиони долари за некакви реформи после кои корупцијата расте, наместо да се намалува, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Објавено на

часот

Сподели

„Нема преговори поради неказнетиот криминал, поради тендери за коридори чии подизведувачи се партиски фирми на власта, поради соларното броило и ширењето на бизнисите на Ковачевски и неговиот кум, поради милионите од РЕК и редица други скандали.

Инаку за сè што се случува во судството и обвинителството виновни се СДС и ДУИ. Премиерот на СДС се прогласи за главен реформатор на судството. Кадрите на ДУИ и СДС се главните во судските лавиринти. Рускоска и Кацарска беа кадрите и ударната тупаница токму на оваа власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ