„И заради тврдоглавоста и кусогледоста на Ковачевски денес Македонија треба да менува Устав под бугарски диктат и притоа нема никакви европски институционални гаранции дека Бугарија нема да поставува нови услови, нема да има промена на учебници и историски наративи, дека нема да има бесконечни преговори или однародување. Ковачевски додека лежи на некоја плажа доволно е да ги погледне пораките на бугарските државници од Илинден и ќе види дека од Бугарија не само што се најавуваат нови барања, туку и дирекнто се негира македонскиот идентитет и историја.
Ова Ковачевски го премолчи и не го осуди, што покажува дека се согласува со Радев и неговиот колега Денков. Исто така веруваме дека Ковачевски знае да чита, па може да провери дека никој од Европа не гарантира нови условувања од Бугарија кои го тангираат македонскиот идентитет. Решението, сакал Ковачевски или не, се избори“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.