недела, 8 февруари 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Како ДУИ и СДСМ дозволија анонимна фирма од Тетово пред три дена да добие тендери од 4 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

„Поставуваме прашање според кој критериум токму ХИЛДИН КОМЕРЦ од Тетово е избрана за вакви крупни тендери, кои се особено атрактивни дури и за поголеми и пореномирани компании? Како компанија која до пред некое време реализирала тендери од стотина илјади, доаѓа до тендери тешки милиони“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Според оваа партија, секогаш кога се разоткриваат криминалите и неспособноста, и ДУИ, како и партнерот СДСМ се обидуваат да се правдаат со напад и виктимизирање. 
„Арно ама ова не поминува веќе исто како што не поминуваат и евтините трикови со зелена агенда, етнички теми или европски вредности.
Народот им ја прочита целата матрица на ДУИ и СДСМ, бидејќи додека осиромашуваат Македонците, Албанците, Србите, Турците и сите останати, мафијашите на власт се богатат. ДУИ и СДСМ прават се само да бидат на власт и сложно да крадат.
Јавноста со право се сомнева во чесноста на владеењето на ДУИ и СДСМ, во која сега само администрира пионот Ковачевски.
Министер од СДСМ тендерира, министер од ДУИ спроведува. За еден месец скоро 4 милиони евра добила една анонимна компанија. Сложно, нема што“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ