„Доколку ова земјиште се продавало во редовна постапка цената на земјиштето по м2 ќе се движела околу 2.000 евра, со што цената која инвеститорот требал да ја плати кон државата ќе била над 1,3 милиони евра.
На оваа локација е дозволена градба на висококатница, а инвеститорот го купил земјиштето како да се работи за земјиште во некое мало населено место, а не во центарот на Скопје.
СДСМ да одговори зошто дозволиле во строгиот центар на Скопје да се продава земјиште по багатела, и дали и кај кого завршила разликата од 1,3 милиони евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






