„И самиот Груби знае дека зад Дрин, стои Али Ахмети, исто како што добро знае за неговите бизниси, зошто и самата влада која без ДУИ не би постоела му дала концесија за мала хидроцентрала.
И додека Албанците чиј чичко не е Али Ахмети се иселуваат, Дрин, само заради претприемачки дух добива милиони на поклон. На Груби и на ДУИ никој веќе не им верува, демаскирани се одамна, а наскоро и ќе одговараат“, пишува во партиската реакција.






