Според партијата, заклучно со следната пролет вкупното покачување на пензиите ќе достигне 7.000 денари, а одлуката за еднакво зголемување за сите пензионери опфаќа околу 300.000 лица низ целата земја.
„Со овие промени пензионерите повеќе нема да се мачат да го поминат месецот, туку полека се создаваат услови за достоинствен живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека и бројките ја потврдуваат успешноста на економските политики. За година и половина, како што нагласуваат, реалната плата е зголемена за скоро 7 проценти, наспроти растот од 3,5 проценти во периодот кога СДСМ беше на власт, од јули 2017 до јули 2024 година.
„Овие резултати се доказ дека Македонија оди напред, со политики кои носат придобивки за сите граѓани, за разлика од СДС кој мислеше само на поединци и лични интереси“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






