петок, 5 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Договорите со Мала Речица се приоритет за Левица

Објавено на

часот

Сподели

„А, за тоа како изгледа кога Левица води институции најдобро сведочи хаосот во Градот Скопје и институциите чии директори на Левица активно учествуваат во лудилото на Арсовска. Како мал пример говори фактот што директорот од Левица на Културно информативниот центар не ја употребил опремата од Универзална сала, туку изнајмувал опрема од приватна фирма од Мала Речица. Договорите со Мала Речица се приоритет за Левица. Од друга страна Апасиев е подготвен да се саморазнесе зошто во ноември има студ и ладно време, но молчи за Бехтел и Енка, левичарите на Енвер Хоџа молчат за барањата на синдикатите и законите ма ДУИ за игри на среќа. Таквото фолиранство е само покритие за малодушноста на Левица и валканите договори со ДУИ и СДС“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ