„Каевски за разлика од неговите врсници кои едвај преживуваат имал среќа да биде функционер од СДСМ, пратеник и директор на АМС. Но и тоа не го оправдува неговиот имот, зошто така ако не трошел ниту денар од своите примања 6 години можел да го купи само станот, но не и 4-те милиони на сметка.
Каевски нема оправдување за својот имот. Исто како што немаат оправдување ниту Зоран Заев, ниту Димитар Ковачевски.
Државната комисија за спречување на корупцијата треба да отвори случај и да утврди како Каевски на само 30 години се стекнал со 4 милиони на сметка и стан, и дали за тоа ја злоупотребил функцијата“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ кое е пропратено со следноиве фотографии:









