„СДСМ веќе четири дена не одговори што е спорно за нив во декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Не одговорија дали за нив е спорно што со декларацијата се бара да се спроведат активности во училиштата со кои учениците ќе се запознаат уште повеќе со ликот и делото на Делчев, или пак за нив е спорен повикот за издавање на пригодна поштенска марка по повод јубилејот.
Ги повикуваме СДСМ да ја прочитаат декларацијата поднесена во Собранието. Воедно да се вразумат и да се откажат од брзоплетите реакции и да ја прифатат оваа декларација се со цел да се заштити ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Очекуваме национално единство и донесување на оваа декларација по повод 150 годишнина од раѓањето на Делчев“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ






