„И покрај тоа што целата документација била доставена до Министерството за труд и социјална политика, централната власт решила да удри по воспитно образовниот процес, само и само да тера партиски инает и интерес.
Овој случај во Битола не е исклучок на опструкции на општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ, туку правило на централната власт. Притисокот е систематски. Прво беше безмилосното празнење на буџетите и енормните задолжувања на општините од страна на претходниците од СДСМ, а потоа следеше намалувањето на дотациите и трансферите кои по закон следуваат од централниот буџет кон општините за нормално работење.
Сега кога гледаат дека и покрај сите опструкции градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ успеа да реализираат илјадници проекти, преминуваат кон бесрамни методи како одземање на ингеренции.
Срамно и подло однесување на централната власт раководена од СДСМ и ДУИ. Но колку тие пониско удираат, толку ВМРО-ДПМНЕ повисоко се издига и народот тоа се повеќе го гледа.
Нервозата во СДСМ ги прави очајни, ама тоа нема да им помогне да се спасат од катастрофален пораз“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






