„Што прави Николовски како министер во МЗШВ и зошто не ги посети државите каде има недостаток од раноградинарски производи? Зошто не направи конекции за македонските трговци и не отвори нови пазари? Или е зафатен со расправии со новинари?
Неприфатливо е во ек на глобална криза за храна, да увезуваме скапа храна и репроматеријали, а нашата храна да не може да се извезе зошто власта е неспособна.
Николовски исто како што отиде во Србија да договара пченица за реекспорт, да отиде и да договори откуп на зелка и други раноградинарски култури.
Незадоволството кај земјоделците е оправдано, и тие со моменталните политики на владата и нејзината неспособност се доведени до раб на опстанок“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






