„СДСМ преку производство на вакви лажни вести се обидува да се извади од тоа што не гласаше за усогласување и покачување на платите на наставниците. Ако бил идентичен законот како што вели СДСМ, тогаш зошто не го прифатија предлог законот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, кој за разлика од предлогот на власта, нема предвидено груба партизација. Еве ги повикуваме СДСМ да ги исфрлат членовите од предлог законот кои предвидуваат партизација на образованието и ќе прифатиме секое покачување, кое патем го предлагаше и ВМРО-ДПМНЕ“, велат од партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ власта се обидува да протурка закон за наставници кој нема за цел подобрување на стандардот на образованието и подобрување на стандардот на наставниците, туку има за цел да овозможи груба партизација.
„СДСМ планира вработувања на наставници и професори на неопределено без положен приправнички испит, односно вработувања според партиската припадност,, што значи директно рушење на квалитетот на образованието. Ова е штетен закон на коалицијата СДСМ и ДУИ и во обидот да го протуркаат насила креваат тензии и шират лажни вести“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
На јавноста ѝ е јасно дека со овој закон платите на просветните работници нема да се зголемат и затоа СДСМ стануваат нервозни, се нагласува во соопштението.
„Доколку власта сакаше покачување на платите на просветните работници ќе го прифатеа амандманот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, со кој што ќе имаше скалесто покачување на платите и основната вредност на најнискиот коефициент и бод ќе се изедначеше со износот на минималната плата“, пишува во партиската реакција.






