понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ако стоковите резерви се полни, зошто Владата не интервенира за да спречи ценовен шок

Објавено на

часот

Сподели

„Единствен начин да се спречи ценовен шок од големи размери, да се запазат цените и стандардот на граѓаните е државата да интервенира на пазарот преку пуштање во употреба стоковите резерви на пченица со што од мелничката индустрија нема да имаат потреба да купуваат скапа пченица од надвор.

Доколку стоковите резерви се полни, тие ги задоволуваат потребите и за над 120 дена од просечната годишна потрошувачка.

Доколку стоковите резерви се полни власта треба веднаш да интервенира, а доколку не се, да одговори зошто до сега не биле наполнети, и што чекаа додека сите земји купуваа залихи?

Доколку стоковите резерви не се полни, владата треба да сноси одговорност што ја оставила државата во овие тешки моменти без потребните и неопходни ресурси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ