понеделник, 8 декември 2025

ВМРО-ДПМЕ: Aтентат врз Александар Вучиќ подготвувал мафијаш кому Спасовски му даде пасош

Објавено на

часот

Сподели

„ВМРО ДПМНЕ во рамките на обелоденувањето на аферата ‘мафија’ пред помалку од една година откри дека на списокот мафијаши и криминалци кому Спасовски им издал легален македонски пасош, но под друго име, е токму атентаторот на Вучиќ, Радоје Звицер“, пишува во партиското соопштение и се додава дека иако помина една година, нема виновни за аферата, за давањето на македонски пасоши на „регионални и светски мафијаши“.

Освен симболична казна за неколку службеници во МВР кои треба да бидат колатерална штета нема одговорност за вистинските организатори на ваквата мрежа за издавање на македонски пасоши, се вели во соопштението и се оценува дека „нема криминалец кој не оперира со пасошите на Спасовски со македонско знаме“ и дека „Спасовски е отворен заштитник на криминалот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ