сабота, 12 јули 2025

Власта се колне во ЕУ, а не ги почитува укажувањата поврзани со европското знаменце, реагираат од СПМ

Објавено на

часот

Сподели

Владата одлучи да ја игнорира и последната остра реакција од Европската Унија во врска со употребата на европското знаме на законите поврзани со Бехтел и Енка во која е искажан ставот дека е штетно користењето на скратените процедури злоупотребувајќи ги за прескокнување на јавна расправа, велат од СП и додаваат дека децидната порака на премиерот Ковачевски дека ништо нема да ги спречи потребните измени во Собрание ја смета за неодговорна и несериозна.

„Социјалистичката партија на Македонија смета дека е неопходно усогласување на ставовите на сите политички партии. Меѓутоа и во овој случај, како и во многу други претходно, владејачката гарнитура на ДУИ и СДС не направи никакви консултативни разговори со опозицијата.

Беспредметно е да се нагласуваат многу честите укажувања во извештаите на ЕУ за користењето на европското знаменце за усвојување закони кои што се директно поврзани со европските практики и со европското законодавство за што претходно се потребни вистински консултации меѓу сите политички партии кога е во прашање усогласување на некој закон со европската легислатива, а тоа во овој случај не е.

Со оглед на најлошиот Извештај за Република Македонија кој ќе следи Социјалистичката партија на Македонија укажува на мислењето на јавноста за актуелната Влада како најголем и единствен кочничар на европерспективите на Репиблика Македонија.

Раководејќи се од коруптивно криминални мотиви власта на ДУИ и СДС отворено работи спротивно на интересите на македонската држава и граѓани и тоа воопшто не го крие. Власта доживува дебакл и фијаско на политиките во сите сфери па оттаму единствениот излез од длабоката политичка криза и економскиот слободен пад е во неотповикливата оставка на Владата, за што премиерот го охрабруваме да го стори“, се вели во партиското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ