петок, 5 декември 2025

Влада: Коридорот 8 е национален интерес, стратегиски се проектите за делниците Тетово – Гостивар – Букојчани

Владата, на денешната седница  ги одобри урбанистичките проекти за автопатските делници Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани и за нив донесе одлуки како градби од стратегиски и национален интерес.

Објавено на

часот

Сподели

Автоатската делница Тетово – Гостивар во оваа фаза според урбанистичкиот проект е во вкупна должина од  15.4 километри, а останатиот дел од трасата ќе биде предмет на дополнителни урбанистички проекти, велат од Владата и додаваат дека вкупната должина на автопатската делница Тетово – Гостивар е околу 17.5 километри.

Владата го одобри и Урбанистичкиот проект за делницата на автопат Гостивар – Букојчани, од патниот Коридор 8. Во оваа фаза предмет на урбанистичкиот проект, како што е посочено, ќе бидат 8.43 км од вкупната должина. Останатиот дел од патната делница ќе биде разработен во следните фази на проектирање. Вкупната должина на автопатската делница Гостивар – Букојчани е околу 30.4 км.

„Овие урбанистички проекти се изработени согласно Законот за урбанистичко планирање, Правилникот за урбанистичко планирање и останатата законска регулатива, којашто е релевантна за проектниот процес и реализација на проектот. Со ова, Владата јасно покажува дека е силно фокусирана на доизградба на патниот Коридор 8, како стратешки проект од национален интерес“, се вели во владиното соопштение. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ