Во своето обраќање, Трајков се осврна и на предизвиците со кои се соочува Македонија на патот кон ЕУ, потенцирајќи дека евроинтеграцискиот процес на земјава се билатерализира, наместо да биде низ призмата на реформските процеси.
Таа истакна дека во наредниот период очекува јасна и гласна поддршка од земјите членки на ЕУ за евроинтеграцискиот пат на земјата, кој не смее да биде изолиран случај за ЕУ членство низ континурани условувања од страна на земја членка на ЕУ. Заменик-министерката посочи дека се преземаат сериозни чекори на дипломатско поле со цел да се придвижи евроинтегративниот процес на земјата.
На Летната школа за земјите од Западен Балкан учествуваа високи дипломатски претставници од регионот, како и јавни службеници, експерти од областа на евроинтеграциите и академици кои ќе разменат искуства и мислења за актуелните предизвици на Западен Балкан на патот кон ЕУ, но и зајакнување на меѓусебната соработка.
Летната школа е организирана од Европскиот Универзитетски Институт (EUI) и Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA), а е поддржана од Министерството за надворешни работи на Италија.