петок, 30 јануари 2026

СВР Штип апелира на внимателност и пријавување на телефонски измами од лажни лекари

СВР Штип апелира на внимателност и пријавување на телефонски измами од лажни лекари.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се вели дека во изминатиов период во СВР Штип има зголемен број на пријави за поголем број на кривични дела „измама“ и „обид за измама“, во случаи кога непознати лица од странски телефонски број се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама.Тие на измамените лица им соопштуваат дека нивни блиски, роднини, внуци и слично имаат повреди и над истите треба да се изврши итна операција за што побаруваат поголеми износи на парични средства со што ги доведуваат оштетените во заблуда, при што лицата даваат пари од своите заштеди и вршат штета на својот имот.

„СВР Штип ги известува граѓаните, доколку добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите“, се вели во соопштението.

Последниот случај беше регистриран деновиве кога возрасна жена од Штип беше измамена од лажен лекар за сума од над 2.000 евра.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ