вторник, 6 мај 2025

Студентски отпор: Не бевме на средба со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е само патетичен обид да се дискредитира и партиски да се обои движењето Студентски отпор. Луѓето што присуствуваа на таа средба не се наши членови, туку се членови на партискиот подмладок на ВМРО – ДПМНЕ, односно УМС.

Студентски отпор во ниту еден случај не би седнал на иста маса со претставници од партијата која најмногу придонесе за уништување на студентскиот стандард во Македонија со енормна корупција и непотизам по универзитетите во Македонија.

Нема да дозволиме борбата за подобар студентски стандард партиски да се обои од страна на една од најкриминогените партии во Македонија, а и пошироко.

Поради вакви потези на одредени политички партии во Македонија кои имаат за цел да го партизираат ова студентско движење медиумите треба да бидат повнимателни доколку известуваат за соопштенија или активности извршени од наша страна“, се вели во демантот на Студентски отпор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ