понеделник, 15 декември 2025

Стоилковски: Власта да каже каде е фабриката за електрични автомобили во Тетово

Објавено на

часот

Сподели

„Да потсетам, на 13 август лани цела Влада на ДУИ и СДС организираа скапа манифестација за отпочнување на градба на фабрика за електрични автомобили, со тоа што во 2024 година требаше да се возат првите коли на струја од Тетово. Димитар Ковачевски порача дека ќе се отворат 890 добро платени работни места, а на тие изјави се налепија и бројки од 3.000-4.000 поврзани вработувања во ТИРЗ Тетово.

По цела година наместо фабрика има ливада која не е ни искосена. Очекуваме и по овој прес ДУИ и СДС, Крешник Бектеши од позиција министер за економија и Јован Деспотовски од позиција директор на ТИРЗ, повторно да тврдат дека сè тече според планот и дека изградабата на фабриката ќе почне наскоро.

Но, почитувани и Бектеши и Деспотовски, и ДУИ и СДС, мора да одговорат:

Каде е фабриката за електрични автомобили која доби и државна помош во износ од  43 милиони евра?

Ако фабриката ја нема, каде завршија околу 43 милиони евра од државната помош?

Колку чинеше прославата за лагата почеток на градба, дали и за тоа пари зема омилената Арберија?

Ќе признаат ли ДУИ и СДС дека фабрика за автомобили е уште една лага поврзана со ДУИ и фирми спонзори на ДУИ?

Ќе признаат ли ДУИ и СДС дека фабрика за автомобили нема да има? Дали државата ќе го раскине договорот со фирмата блиска на ДУИ?

И секако, како по цела година празна нива наместо фабрика, Дестани од владата доби концесии за рудникот Иловица? Само избори се спасот“, изјави денеска Стоилковски.

Одговарајќи на новинарско прашање за најавената декларацијата за Илинден на СДСМ, Стоилковски рече дека СДСМ мора да одговорат кој вршел притисоци за истата да ја снема од собраниските документи, како и тоа дека сите се сеќаваат кога СДС одби Декларација за Гоце Делчев.

„СДС мора да одговорат зошто ако предлог декларацијата за Илинден била објавена, зошто била тргната и ја немаше меѓу објавените собраниски документи? Кои и чии црвени телефони ѕвонеле во СДС за да вршат притисок за декларацијата“, прашува Стоилковски и потсети дека лани СДС ја одби Декларацијата за Гоце Делчев со изјава дека со декларацијата се враќаме назад, а не напред.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ