„3,4 милиони долари веќе се префрлени на сметката на Постојаната мисија на Македонија при ОН уште минатата есен, додека останатите 600.000 се очекуваат секој момент да се вратат на Македонија. Според информациите, амбасадорот Љубомир Фрчкоски и покрај неколку инструкции од МНР, една во декември, а другата во јуни годинава, парите да ги префрли во буџетот на државата, одбива да го направи тоа и ги држи парите на сметката од Мисијата.
Прашуваме:
Какви инструкции има амбасадорот Фрчкоски за трошење на државните 4 милиони долари?
Дали овие пари се планирани за купување на имот и потенцијална матна зделка?
Зошто Ковачевски молчи кога најверојатно е информиран за сето ова?
И на крај, дали транзицискиот професор и политичар смета дека може да присвои пари од оние што се на граѓаните на Македонија како што тоа било во пракса во 90-тите години?
Го повикуваме Бујар Османи веднаш и без размислување да поднесе оставка. Ги повикуваме истражните органи во државата веднаш да побараат објаснување зошто 4 милиони долари не се вратени во Буџетот на Македонија.
Го охрабруваме Ковачевски да ѝ каже на македонската јавност што знае за овие пари и зошто до сега не преземал ништо? Само избори се спасот“, изјави Стоилковски.






