„Го повикувам Бујар Османи денеска да земе креда и на таблата да напише одговори на овие прашања:
Во кој кластер за ЕУ се преговори на Влада со Слупчане за плаќање струја? Во кој кластер за ЕУ е потребно полициска асистенција за екипи на ЕВН да прочитаат струјомер? Во кој кластер за ЕУ е претприемачки дух на Дрин Ахмети без денар пола Соравија да ја добие? Во кој кластер за ЕУ е изборот на Абази во обвинителство, жена му во АЕК, додека Али му седи на глава? Во кој кластер за ЕУ се хотелот на Шапка, дуќанот во Скопје и луксузното ауди на Груби? Во кој кластер за ЕУ е кабелот за тетовската болница?
Во кој кластер е лагата за лекот трикафта, во кој кластер се душите на 45-те изгорени во автобусот на Беса транс? Во кој кластер за ЕУ се кривичните за Рамиз Мерко, директорката му со средно во Струга, и докторот што ја остави жената без органи?
Во кој кластер за ЕУ е фирма за гаќи избрана за надзор за градба на автопат? Во кој кластер за ЕУ се фабриката на Дестани за коли на струја и концесија за Иловица? Во кој кластер за ЕУ се издавање пасоши за светски мафијаши? Во кој кластер за ЕУ е државна земја за фирмата на сопругата на премиерот? Во кој кластер за ЕУ е договор за градба на коридор со пенали за предвидени непостоечки закони? Во кој кластер за ЕУ е немање учебници, а во кој кластер трите милиони евра за Арберија?
Во кој кластер за ЕУ се вработувањата на новинарката и сопругата на Мартин Костовски како неопходни во МНР? Во кој кластер за ЕУ е доведување на Македонија во подредена положба и намерно загрозување на нејзините интеграции? Во кој кластер е предавството и одговорноста која што ќе следи?Бујар Османи, земи креда и со големи букви напиши: УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА!
Бујар Османи да си ја реализира оставката, што сепак нема да го спаси од одговорност! Само избори се спасот“, рече Стоилковски.