понеделник, 8 декември 2025

Со маски нема да ги пуштиме децата на училиште, соопштија од „СТОП за носењето маски во училиштата“

Објавено на

часот

Сподели

Од Иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата” велат дека обедуваат  12.000 родители и дека имаат поддршка од голем број доктори и стручни лица кои, како што се наведува, јавно зборуваат за долгорочните штетни последици од носењето маски.

„Децата светот го осознаваат преку изразите на лицето, комуницирањето и размената на чуствства, а сето ова не е можно да се оствари преку маска со што веќе се гледа зголемена анкциозност кај децата”, Иницијативата ја цитира д-р Лилија Чолакова Дервишова.

„Последната година се забележува и зголемување на панични напади, опсесивни застрашувачки мисли и опсесивни –компулсивни нарушувања кај се помлада популација”, цитат од Ана Чучкова, психолог, психотерапевт и универзитетски професор.

„Маските кај најмалите ученици сметам дека се не функционални и се непотребни“, цитат од Д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар.

Во соопштението се наведува дека и микробиологот и професор д-р Никола Пановски и епидемиологот и професор д-р Драган Даниловски исто така сметаат дека децата треба да тргнат на училиште без маски, а дека д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија смета дека „барем за основците има резон да се размисли и да се овозможи родителите да одлучат или да се укине носењето маски“:

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ